Коњаниците за Илинденскиот марш тренираат на кејот на Вардар

Илинденски марш

Коњаниците кои ќе учествуваат на 39-от коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден  ги почнаа интензивните тренинзи покрај кејот на Вардар, соопшти Општина Аеродром. 


На „Илинденскиот марш 2017“, кој го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, ќе учествуваат коњаници од 18 до 65 години, меѓу кои и една девојка.


Ним ќе им се придружат и коњаници од Маврово и Горна Река, Чичево, Демир Хисар, Свети Николе и пешадија од Охрид. Маршот ќе почне од Општина Аеродром и ќе заврши на 2 август во Крушево.


- Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години наназад и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром, соопшти Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.