Ново паркиралиште за велосипеди во паркот „Јане Сандански"

Вело-остров

Под мотото „Вклучи се за здрава животна средина!“ денеска во паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром беше промовирано паркиралиште за велосипеди. Вело-островот е донација на Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“-Гевгелија.


Целта е да се придонесе кон намалување на аерозагадувањето и бучавата, а воедно да се придонесе кон поздрава и почиста животна средина, која е дел од акцискиот план за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина, кој е изработен за периодот 2017-2020 година.

 

Во рамки на промоцијата, на првите 100 учесници им беа поделени флексибилни ленти и беџови брендирани со логото на проектот, донаторот и пораката за вклучување за поздрава животна средина.


За значењето на животната средина, и убавината да се вози велосипед, зборуваа и дечињата од предучилишна воздраст.


Настанот е дел од активностите на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“. Финансиран е во рамки на програмата за акциски грантови на невладината организација Цивика мобилитас.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.