Собрани над 4 тони опасен отпад во Аеродром

Собирање опасен отпад

Општина Аеродром во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“, летово реализираа голема еко-акција за собирање електронски и електричен отпад, во која граѓаните имаа можат бесплатно да се ослободат од електронскиот и електричниот отпад од домаќинствата, при што беа собрани околу 4 тони опасен отпад.


Граѓаните на Општина Аеродром ги пријавуваа старите електрични и електронски апарати од домаќинствата, од кои сакаат да се ослободат, во најблиската урбана заедница или во „Нула отпад“ на 02/3256-309. Под електронски отпад се подразбира статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални камери и видео-камери, принтери, скенери, факс-машини и стерео системи, додека под електричен отпад се подразбира шпорети, машини за перење облека и садови, греалки и грејни тела, микробранова печка, машина за правење леб, апарат за кафе, други апарати од домаќинство, како и клима-уреди.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.