Отчет на градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски

Општина Аеродром

Зеленило, ново училиште, тротоари, паркинзи, фекална и атмосферска канализациона мрежа во руралниот дел се од проектите кои во изминатите години се реализирале во Општина Аеродром. Ова денеска на прес конференција го истакна градоначалникот Ивица Коневски.


Општина Аеродром во изминатите четири години реализира повеќе од 200 проекти и е една од ретките, која нема ниту денар долг и има обезбедено средства за наредните четири години, изјави на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Аеродром Ивица Коневски. Тој истакна дека општина Аеродром има 28 метри квадратни зеленило по глава на жител, што е три пати повеќе од европскиот стандард, а изминатите години изградени се повеќе паркови и засадени се повеќе од 50 илјади дрва.

 

Посочи дека е изградено ново училиште во Реонски центар Аеродром, а во соработка со Министерството за образование се гради и ново училиште во населбата Лисиче.

 

Општината е целосно урбанизирана и во руралниот дел е изградена целосно нова канализациона мрежа, проширен е патот Горно-Долно Лисиче, изградени се тротоари и ново осветлување во руралниот дел, а се гради и атмосферска канализација и замена на водоводната мрежа во Долно Лисиче.

 

Во Аеродром и Ново Лисиче изградени се нови 3.000 паркинг места и проширени се постоечките.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.