Најдобрите ученици од општина Аеродром ја завршија посетата на Лондон

Ученици од Аеродром во посета на Лондон

Најдобрите ученици од општина Аеродром се вратија од Лондон, каде посетуваа настава една недела во училиштето Ернест Бевин, во збратимената општина Вандсворт.

 

За време на престојот, учениците придружувани од еден одговорен наставник имаа можност да ја посетуваат настава кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата. Учениците од Аеродром, покрај настава во Лондон ги посетија и најзначајните знаменитости на британската престолнина.


- Оваа иницијатива се смета за важна и претставува илустрација на врските меѓу Македонија и Британија, а таа исто така, е добра прилика за најдобрите ученици од Аеродром да посетуваат настава во училиштето Ернест Бевин, дотолку повеќе што овој колеџ има долга традиција на негување на спортот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.