Промоција на онлајн игра за деца „Green game"

„Green game"

Во трговскиот центар „Капитол мол“ денеска напладне ќе биде промовирана онлајн игра за деца „Зелена игра“ (Green game). Се работи за нов концепт, креативна едукација за селекција на отпадот, низ игра и забава од мали децата да научат правилно да го селектираат отпадот, со цел заштита на животната средина.


Играта може да се симне на линковите: www.nulaotpad.com.mk и www.pakomak.com.mk и да се инсталира на мобилен, таблет или компјутер.


За посетителите се планирани многу награди и изненадувања овозможени од Нула отпад и Пакомак за тоа што ќе го научат со играта.


На настанот ќе учествуваат деца од ОУ „Димитар Македонски“ и ќе биде промовирана песната „Направив вистински град”. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.