Општина Аеродром со поддршка за лицата со аутизам од здружението „Во мојот свет"

„Во мојот свет"

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин одобри 300.000 денари за Здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и аспергеров синдром „Во мојот свет“ и најави продлабочување на соработката. 


Како што информира општина Аеродром, градоначалникот се сретнал со претставниците на здружението и се запознал со нивните потреби. Здружението „Во мојот свет“ има потреба од финансиска поддршка за вработување две лица во втора смена за што градоначалникот Марин одобрил 300.000 денари. Марин се заложил да помогне и за простории кои му се потребни на здружението.


Градоначалникот и претставниците на здружението дискутирале и за организирање меѓународна конференција за оваа проблематика. 


Здружението „Во мојот свет“ веќе соработува со градинките и училиштата од општина Аеродром во сферата на едукација на кадри. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.