Голема акција за чистење на депониите во Аеродром

Општина Аеродром

Општина Аеродром наскоро во соработка со Град Скопје и неговите јавни претпријатија ќе организира голема акција за чистење на дивите депонии на целата нејзина територија.


Ова го соопшти градоначалникот на Аеродром, Златко Марин на денешниот состанок со надлежните служби од Секторот за комунални работи.


На состанокот, како што се наведува во соопштението на Општината, беше договорено наредните денови да се направи микро-план со локации што ќе бидат опфатени во акцијата, како и неопходната механизација, што ќе биде потребна јавните претпријатија "Комунална хигиена" и "Паркови и зеленило" да ги стават на располагање.


Во акцијата ќе бидат вклучени од 1.000 до 1.500 лица, а добредојдени ќе бидат и волонтери со висока еколошка свест.


Оваа голема еко-акција претставува симболичен почеток на реализација на стратегијата на Општина Аеродром, како локална самоуправа, за целосно чистење на дивите депонии на нејзината територија, се вели во соопштението и се додава дела за почист Аеродром и континуирано одржување и заштита на јавните површини во иднина ќе се применуваат строги казни за загадувачите на животната средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.