Во ООУ "Љубен Лапе" засадено "Дрво на генерацијата"

"Дрво на генерацијата"

По повод Светскиот ден на дрвото, 20 ноември, во ООУ"Љубен Лапе" во општина Аеродром беше организирана акција за засадување на "Дрво на генерацијата". На оваа акција присуствуваше и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин и директорот на ЈП "Македонски шуми", Зоран Ѓорѓиев.


Дрвото од видот смрека го насадија првооделенците во дворот на училиштето, а целта на оваа акција е кај децата уште од најмала возраст да се развие еколошката свест и грижа за здрава животна средина.


Децата ќе имаат голема улога во растењето на дрвото, кое исто така ќе ги потсетува на нивното растење, со што ќе се развива постојана грижа за дрвцето, како полевање и одржување.


Од општината информираат дека во дворовите на сите основни училишта на територијата на општината, ќе се засади по едно "Дрво на генерацијата", со што ќе се поттикне свеста кај најмладите за важноста на дрвјата во нивното опкружување, со кое за возврат добиваат чист воздух и здрава животна средина.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.