Отворена канцеларија на Управата за водење матични книги во о. Аеродром

Општина Аеродром

Од денеска жителите на општина Аеродром ќе можат да поднесуваат и да подигнуваат изводи од матичната евиденција во услужната канцеларија што денеска беше отворена во просториите на Општината.

 

На денешното отворање на канцеларијата присуствуваше и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин и директорот на Управата за водење на матичните книги Ѓоко Котевски. Со ова практично се реализира соработката помеѓу Урпавата и Општината.


Како што информираше градоначалникот, општина Аеродом е прва Општина која го реализира овој проект, со кој на граѓаните им се заштедуваат време и пари, а ќе се избегнат и турканици пред шалтерите за добивање на документ од матичната евиденција.


Со отварањето на оваа канцеларија се реализира интенцијата институциите да им се доближат на граѓаните до нивните домови или работни места. Од друга страна во Управаат за водење на матичните книги се намалува пристисокот во Подрачно одделение Скопје кое е најголемо матично подрачје во Македонија. Ваква канцеларија до крајот на годината предвидено е да се отвори и во општина Карпош.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.