Поставен контејнер за мали електронски апарати пред ТЦ "Капитол мол"

Еко акција во Аеродром

Жителите на општина Аеродром ќе можат да се ослободат од расипаните мали електронски апарати, пред ТЦ Капитол мол, каде е поставен контејнер за собирање на електронски апарати. Во контејнерот ќе може да се одложува ситен електронски отпад како лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, домашни телефони и мобилни телефони, МП3 плеери, видео-камери, пегли, фенови за коса и слични мали апарати од домаќинствата.

 

Градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин информираше дека контејнерот пред Капитол мол е за големи апарати, а за полами апарати ќе бидат поставени контејнери на повеќе локации низ општина Аеродром.


Контејнерите ги поставува Друштворо за управување со отпад "Нула отпад". Како што информираше директорот Марјанчо Дамески досега отпадот се собираше дирекно од домовите на греаѓаните а сега со поставувањето на контејнерите граѓаните ќе можат да се ослободат и од ситните стари расипани апарати. Големиот електронски и електричен отпад, како фрижидери, шпорети и слични апарати од домаќинството, се собира директно од домовите на граѓаните бесплатно. За оваа акција граѓаните можат да пријават на еко-линијата или пак на броевите од најблиската урбана заедница, од каде потоа екипи од Друштвото за управување со отпад "Нула отпад" ќе ги подигнат расипаните апарати.


Акцијата на "Нула отпад" поддршка добива и од ТЦ Капитол мол, директорката на трговскиот Даниела Адемоска рече дека ваквите кампањеи ќе продолжат да се организираат и понатаму и ќе им помогнат на граѓаните да ги зацврстат еколошките вредности на граѓаните на општина Аеродром.


Како што информираат од "Нула отпад" контејнерот ќе биде поставен пред ТЦ Капитол Мол до крајот на декември, а има преговори да се постават контејнери и во другите општини во Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.