Се воведува двосменско работење на комуналните инспектори во о. Аеродром

Општина Аеродром

Од утре комуналните инспектори на Општина Аеродром ќе работат во две смени. Тие ќе бидат достапни секој ден од 08:30 до 22:30 часот, вклучувајќи ги и викендите, информираат од општина Аеродром.


За потребите на оваа акција ќе биде ангажирана целата инспекциска служба, што се состои од 8 комунални инспектори и 4 комунални редари.


Оваа одлука е со цел успешна реализација на проектот "Пријави загадувач", која е дел од заложбите на локалната самоуправа за почист воздух. По барање на граѓаните и препознавајќи ја потребата за поголема ефикасност на инспекциските служби, Општина Аеродром смета дека е неопходно да се воведе дежурна смена на инспекторите. велат од општината.


- Целта на акцијата "Пријави загадувач" е што побрзо да се детектираат и соодветно да се регулираат загадувачите на територијата на Општина Аеродром. Во рамките на истата организираме редовни акции за мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух и контрола на стационарните извори на нашата територија. Ги охрабруваме граѓаните да земат активно учество и редовно да пријавуваат загадувачи на општинските инспекциски служби, се вели во соопштението од општина Аеродром.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.