Исчистени 27 депонии и 22 зелени површини во Општина Аеродром

Еко-акција во Аеродром

Во рамките на големата еко-акција во соработка со Град Скопје во општина Аеродром исчистени се 27 депонии и уредени се 22 зелени површини. Како што информираат од општина Аеродром, расчистени се 8 локации во населбата Јане Сандански, 4 во Ново Лисиче, 5 во Реонски Центар Аеродром и Лисиче и 10 во Мичурин, Стар Аеродром и Острово.


Во еко - акцијата беа вклучени сите јавни претпријатија на Град Скопје на терен работеа околу 1.000 луѓе а беше обезбедена соодветна опрема и механизација.


Од општината информираат дека и понатаму ќе продолжат со санирање на другите локации, како и со тековно уредување на сите јавни површини.


Истовремено, комуналните инспектори редовно интервенираат за да нема повторно собирање отпад. Во таа насока се охрабруваат граѓаните доколку забележат фрлање отпад на несоодветни локации, веднаш да пријават. Комуналните инспектори на Општина Аеродром работат во две смени и викенди, односно се достапни секој ден од 08:00 до 22:00 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.