Започна изградбата на нова детска градинка во Ново Лисиче

Нова градинка во Ново Лисиче

Во општина Аеродром, поточно во населбата Ново Лисиче денеска започна да се гради нова детска градинка, која ќе овозможи згрижување на 200 деца. Новата градинка ќе се гради во непосредна близина на градинката Буба Мара, и ќе содржи осум занимални со сопствени санитарни јазли и кујна на вкупна површина од 1. 500 квадратни метри.

 

Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, кој присуствуваше на камен темелникот на новата детска градинка истакна дека со пуштањето во употреба на овој објект ќе се задоволи реалната потреба на семејствата од Ново Лисиче за згрижување на децата.

 

Како што истакна Марин, локалната самоуправа планира проценка на капацитетите на градинките и училиштата, а потоа и проширување на истите каде што ќе биде потребно.

 

Доколку градежните активности се одвиваат според планираното, очекувањата се дека до почетокот на следната учебна година, градинката ќе биде предадена на користење. Новата детска градинка, општина Аеродром ќе ја чини 40 милиони денари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.