Општина Аеродром бара измени во проектот со кој се планира сеча на 56 дрвја на ул. „Коста Новаковиќ“

Ул. „Коста Новаковиќ“

Според проектната документација за проширување на улицата „Коста Новаковиќ“, одобрена од претходното раководство на општината, 56 дрвја од двете страни на коловозот се мапирани за сечење. Тендерската постапка за овој проект е спроведена и изведувачот е одбран непосредно пред почетокот на локалните избори, информираат од Општина Аеродром.

 

Од општината нагласуваат дека ваквата реализација на проектот е спротивна на заложбите на новото раководство, кое се стреми да го заштити и дополни постојното зеленило во Аеродром. Токму затоа Општина Аеродром донесе одлука да почне само со реконструкција на коловозните ленти, без да се сечат околните дрвја. Во меѓувреме се бара измена на проектот во изведба за да се заштити што повеќе зеленило. Во овој процес ќе бидат вклучени избраниот изведувач и соодветните јавни претпријатија на Град Скопје.


Улицата Коста Новаковиќ нема соодветна инфраструктура и е небезбедна за сите учесници во сообраќајот. Тука недостасуваат тротоар, осветлување, велосипедска патека, а потребна е и санација на пристапите до паркинзите на зградите, кои редовно се поплавуваат. Сегашното сообраќајно решение е неефикасно, а улицата е тесна, поради што секојдневно се создава сообраќаен метеж. При реконструкцијата ќе се променат водоводните цевки, односно ќе се зголеми на нивниот обем, земајќи го предвид големиот број нови згради во тој регион, а истовремено да се овозможи поголема безбедност, соодветни инфраструктурни и сообраќајни решенија за овој регион.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.