Фаик Весели европски вицешампион во карате

Каратисти од Општина Аеродром

Фаик Весели, Столе Смилковски и Марио Свинарски се тројцата каратисти, о. Аеродром кои постигнаа врвни резултати на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Сочи, Русија. Тројцата каратисти од градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин добија признаници за особени успеси во спортот.

 

Имено, Фаик Весели го освои сребрениот медал во јуниорска конкуренција во борби, а Столе Смилковски зема 5 место во категоријата до 55 килограми.


Од Општина Аеродром информираат дека Општината наскоро ќе објави повик за доделување еднократна финансиска поддршка за талентирани спортисти, со цел да ги поттикне младите да ги реализираат своите амбиции и да придонесе за развивање на спортот во општината.


Исто така, Општина Аеродром има потпишано меморандум за соработка со Центарот за едукација и менаџмент во спортот, кој се однесува на едукација на млади спортисти од општината во соработка со Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, како и соработка со Агенцијата за спорт и млади на РМ во делот на унапредување на училишниот и масовниот спорт и поддршка на индивидуалните спортови.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.