Во општина Аеродром се отвора канцеларија на УЈП за поднесување годишни даночни пријави

Годишна даночна пријава

Граѓаните на општина Аеродром од понеделник до 16 март ќе може да ги поднесуваат годишните даночни пријави за 2017 година во просториите на општината.

 

- УЈП обезбеди просторија во Општината и свој кадар што ќе го врши приемот на ПДД - ГДП пријавите, обрасци достапни на граѓаните и доставувач кој ќе ги презема примените пријави, со цел доближување на услугите до граѓаните, се вели во соопштението од општината.

 

Канцеларијата на УЈП во општината ќе работи во две смени од 08 до 18 часот.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.