Општина Аеродром домаќин на пет држави учеснички во Еразмус+

Еразмус+

Општина Аеродром денеска беше домаќин на 19 учесници од пет држави, во рамки на реализацијата и спроведувањето на активностите од проектот Еразмус+, насловен „Да ја обоиме иднината“.


Организатор на петтиот состанок во рамки Еразмус+ КА219 проектот е основното училиште „Лазо Ангеловски“, од каде на гостите-партнери од Турција, Романија, Италија, Австрија и Бугарија им ги претставија досегашните реализирани активности.


Целта на овој проект е да се создадат нови подобрени методи во учење на уметноста и да се идентификуваат иновативните пристапи за негова полесна примена во секојдневниот живот.


Проектот се реализира во период од септември 2016 година до август 2018 година, а училиште-координатор е ODTÜ Geliştirme Vakfı Özel İlkokulu од Анкара, Турција.


Општина Аеродром и во иднина ќе продолжи да поттикнува и да поддржува слични проекти, што ќе помогнат за подобрување на образовниот процес и ќе го зголемат самото учество на наставниците и учениците во неговото креирање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.