Ќе продолжи ли изградбата на згради во Аеродром?

Опшина Аеродром

Откако деновиве во медиумите се актуелизираше темата околу изградба на висококатници на зелени површини во Аеродром, со свој став излезе и градоначалникот на општината.

 

Во соопштение, општина Аеродром информира дека градењето на деветкатница на плацот пред Мајчин дом е спротивно на заложбите на сегашното општинско раководство. Во Опшината досега не е пристигнато барање за одобрение за градба, ниту какво било барање во однос на конкретната парцела и согласно тоа не постои проектна документација за објектот, велат од Аеродром, и појаснуваат дека со ДУП И10, изгласан од претходното раководство во април 2017 година, парцелата пред Мајчин Дом се наменува од зона Д1 – парковко зеленило во зона за станбено домување А2.


Во тој период имаше голем број реакции од јавноста во однос ДУП И10 и сегашниот градоначалник јавно говореше против носење на одлуката парцелата да се претвори во градежна. И покрај големите заложби против ваквото решение, претходното раководство го донесе ДУП И10, кој е веќе стапен на сила, потенцираат од општина Аеродром.


Парцелата пред Мајчин Дом е во приватна сопственост. Според деталниот урбанистички план, тука се предвидува иградба на објект кој вклучува приземје, плус осум ката и поткровје.


Општина Аеродром во моментов ги разгледува сите правни механизми и бара начин да ја спречи градбата на плацот пред Мајчин дом, завршуваат од општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.