Пуштен во употреба Гео-информацискиот систем на Општина Аеродром

Гео-информацискиот систем

Општина Аеродром ја пушти во употреба веб - апликацијата на Географскиот информациски систем (ГИС), што ги опфаќа сите важечки планови за територијата на општината.


Преку овој систем, секој може бесплатно да изврши увид врз тоа како е испланиран просторот и каде се наоѓа неговиот дом, односно станбена зграда, куќа, деловен простор. Апликацијата е поврзана директно со Агенцијата за катастар на недвижности и овозможува пристап до информации, како што се број на катастарска парцела и објекти. Меѓу другото, ГИС нуди информации и за сообраќајниците, трговските центри и сите поважни објекти.


Граѓаните во секое време, преку едноставно кликнување на банерот кој е поставен на веб - страницата на Општина Аеродром , можат да добијат различни податоци за просторот уреден со планска документација.


Од општината информираат дека засега, станува збор за почетна верзија на овој систем, кој во континуитет ќе се надградува.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.