Донација од 30.000 денари во Женскиот фонд за жртви на насилство од Општина Аеродром

Женски фонд за жртви на насилство

Средства во висина од 30.000 денари ќе донира Општина Аеродром во Женскиот фонд наменет за жртви на насилство кои сакаат да ја напуштат насилната средина.

 

Акцијата за собирање средства ја организира Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство на ниво на целата држава по повод Денот на жената 8 Март, кој во себе носи своја симболика и е синоним за борбата за правата на жените.


Од Општина Аеродром информираат дека целта на акцијата е да го сврти вниманието кон семејното насилство и да ја поткрене јавната свест за ова прашање. Првичната помош вклучува храна, облека и медицинска документација за жените кои ги напуштаат насилните средини. Меѓу останатото, за нив се обезбедуваат извештаи од специјалисти и помош за ангажирање адвокат до моментот на добивање бесплатна правна помош.


Во соопштението стои дека, општината минатиот месец потпишала меморандуми за соработка со Телото на Обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените и со Националниот совет за родова





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.