Се санираат ударните дупки во Општина Аеродром

Општина Аеродром

Општина Аеродром деновиве ги почна редовните активности за санација и асфалтирање на ударните дупки на улиците што се под нејзина надлежност.


Акцијата започна од Стар Аеродром и во претстојниот период ќе ги опфати сите реони од општината, а динамиката со која се врши санацијата зависи од временските услови.


Од Општина Аеродром информираат дека службите, покрај редовниот и однапред предвиден континуитет на оваа акција, на терен ќе излегуваат и по пријава за ударни дупки од граѓани. За локации граѓаните ќе можат да ги известат локалните властина официјалните е - меил адреси и профили на социјалните мрежи или директно во општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.