В сабота во паркот ,,Авион,, целодневна хуманитарна забава за роденденот на Општина Аеродром

Златко Марин

Со целодневна хуманитарна забава за сите возрасти, в сабота Општина Аеродром ќе го прослави својот 13-ти роденден. Забавата има хуманитарен карактер и во соработка со Црвениот крст ќе се собираат средства за социјално загрозени семејства од Општина Аеродром.

 

Под мотото ,,Растеме со Аеродром,, на 14-ти април в сабота Општина Аеродром во паркот ,,Авион,, со хуманитарна забава ќе го одбележи 13-от роденден на општината. Роденденот оваа година ќе биде од отворен карактер, а целодневна забава ќе има за сите возрасти.


Забавата ќе почне во 12:00 часот со настап на децата од детските градинки и основните училишта и ќе биде збогатена со присуство на кловнови и магионичар. Од 15:00 часот на сцена ќе настапат младински бендови и хип-хоп групи. Во истиот период ќе има три натпревари во кои учествуваат сите основни училишта
Истовремено ликовните таленти од основните училишта ќе цртаат по повод роденденот, по што ќе биде доделени награди за најдобар кошаркар, ликовен уметник и поет.


Вечерниот и централен настан кој ќе почне од 19:00 часот а ќе трае до полноќ, ќе биде збогатен со професионални бендови и изведувачи кои имаат потекло од Аеродром, а забавата ќе се заокружи со настап на Драган Б. Костиќ. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат со концерти на квартетот на МОБ, Марко Кума и Црни, Бени со Нон Стоп и Златко Ориѓански. Градоначалникот Златко Марин и Нора Шаќири денеска упатија покана до граѓаните да дојдат на роденденската забава на општината и изразија надеж дека граѓаните ќе ја покажат хуманоста за социјално загрозените семејства од општината.


Сите кои сакаат да помогнат на социјално загрозени семејства од Општина Аеродром може да донираат на жиросметката на Црвениот крст на Република Македонија 300000000206646 или да ги дадат на самиот настан во специјалните кутии за донации.


Со цел да се поддржи развојот на социјалното претрпиемништво, во текот на целиот настан невладини организации и здруженија ќе имаат можност да изложуваат производи и да ја претстават својата работа пред јавноста.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.