Отстранети 16 диви пазарџии во о.Аеродром

Општина Аеродром

Инспекциските служба на Општина Аеродром во соработка со комуналната инспекција на Град Скопје, пазарната инспекција и полицијата деновиве организираа акција за отстранување на дивите препродавачи на најфреквентните локации во општината.

 

Од општината информираат дека дивите препродавачи ја попречуваа работата на пазарџиите, кои реагираа до Општината. Дополнително, го отежнуваа движењето на граѓаните на јавните површини со поставување производи за продажба на непредвидени локации. Како што велат од Аеродром инспекциските служби пристапија со опомени и акцијата заврши успешно, а јавните површини се исчистени. Според соопштението од Општината комуналните инспектори ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.