Од денеска почнува санација на детските и спортските игралишта во Аеродром

Санација на игралиштата во Аеродром

Општина Аеродром денеска ја почнува пролетната акција за санација на детските и спортските игралишта, како и на клупите, корпите и другата урбана опрема на нејзина територија.

 

Како што информираат од општината во наредните денови ќе се опфатат сите игралишта, според претходно утврден план и динамика. Одржувањето на детските игралишта ќе почне од населбата Мичурин, санацијата на спортските игралишта ќе започне од населбата Ново Лисиче, а обновувањето на урбаната опрема е предвидено да почне од населбата 13 Ноември. Општина Аеродром за оваа намена од Буџетот издвои 4 милиони и 800 илјади денари.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.