50 кубни метри кабаст отпад собран во Општина Аеродром
- Детали
- Категорија: Аеродром
- Создадено: 23 Мај 2018
Околу 50 кубни метри кабаст отпад се собрани во акцијата што изминатите неколку дена се реализираше на целата територија на Општина Аеродром.
Како што информираат од општината акцијата беше спроведена во соработка со јавното претпријатие ,,Комунална хигиена,, а граѓаните имаа можност да се ослободат од стар и неупотреблив мебел, електрични и електронски апарати од домаќинствата. Од Аеродром велат дека постои можност ваква услуга граѓаните да добијат и во други денови со одреден надомест, за што подетални информации може да се добијат на дежурниот телефон 0800 222 33.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс