Иницијатива за основање Младински културен центар во Аеродром

Група млади луѓе, кои се дел од програмата за локален младински активизам на Младите можат, активно работат на иницијативата за основање Младински културен центар СЛАП во Општина Аеродром.

 


Центарот се планира да биде составен од пет клуба кои ќе бидат активни во областите - драма, поезија и проза, музика, фотографија и сликање.
Со цел да се поттикнат младите директно да земат учество во оваа иницијатива, неодамна се одржа еднодневна креативна работилница во ООУ ,,Александар Македонски,, на тема ,,Боите на мојот свет,,.

 

Учесниците на работилницата, преку интерактивни активности, имаа можност да ги зголемат своите знаења и вештини од областа која претходно ја избраа. По завршувањето на активностите, учесниците ги презентираа своите дела, кои ќе останат во Културниот центар СЛАП како одбележување на почетокот на работата на новото креативно катче во општината.


Слични работилници, организаторите најавуваат и за наредниот период, а истите ќе бидат отворени за сите млади од Град Скопје, независно во која општина живеат. Општина Аеродром ги поддржува ваквите иницијативи и ги охрабрува младите активно да учествуваат во креирањето на културниот живот и во развојот на локалните политики.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.