„Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ ќе добијат нови подови

 

Општина Аеродром деновиве почна со реконструкција на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.

Во рамки на активностите се заменуваат старите подови со нови еластични ПВЦ подови во училниците односно кабинетите каде се одржува настава, за што Општината издвои околу 2 милиони денари од сопствениот Буџет.

Исто така, во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се реконструира подот во холот на училиштето, со средства обезбедени од самото училиште.

Со оглед на тоа што условите во училиштата се исклучително важни за квалитетен воспитно-образовен процес, од Општината најавуваат дека ќе продолжат со активностите за подобрување на условите за престој и одржување настава во училиштата.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.