Се реконструира водоводната мрежа во Долно Лисиче

Општина Аеродром ја почна реконструкцијата на водоводната мрежа на улица „1“, од крак еден до крак 10 во Долно Лисиче, со средства обезбедени од ЕУ ИПА инвестицискиот фонд.

 

Според најавите, реконстукцијата  ќе чини околу 126 илјади евра од кои 25 отсто ќе бидат кофинансирани од државата, а сите трошоци над предвидениот буџет ќе бидат покриени од општина Аеродром. Се планира работите да завршат до крајот на септември. Од Општина Аеродром информираат дека ова е еден од врвните приоритети на локалната самоуправа за развивање на регионот и важен чекор за целосно решавање на проблемот со водоснабдувањето во овој дел од општината. Грантот се очекува во голема мера да придонесе за подобрување на квалитетот на живот во Долно Лисиче. Од општината велат дека постојната водоводна мрежа во овој дел од општината е дотраена и не ги задоволува потребите на населението, поради што често се јавува недостиг од вода, особено во летниот период.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.