Стапуваат на сила интервентните мерки против загадувањето во општина Аеродром, се запираат сите градежни активности

Соодветно препораките на централната и градската власт општината Аеродром ги активира дополнителните интервентни мерки кои се однесуваат на целата територија на Општината.

 

Се запираат сите градежни активности на градилишта под надлежност на општината и се задолжуваат општинските служби да продолжат интензивно да ги чистат јавните површини

 

За 50 отсто се намалува употребата на службените возила, а продолжуваат зголемените инспекциски контроли на градилиштата и субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби.

 

– Со цел заштита на децата, почетокот на второто полугодие на учебната година се одложува за два дена во основните и средни училишта. Согласно препораките на Министерството за животна средина и Интерсекторската група за следење на состојбата со квалитетот на амбиенталниот воздух второто полугодие ќе започне на 23.01.2019 година, се вели во соопштението на општината Аеродром.

 

Работниците на отворено ќе работат од 11:00 до 17:00 часот, бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски, а се одложуваат активностите на отворено, доколку не се итни.

 

Овие мерки со воведуваат веднаш по известувањетo од страна на Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот миниумум, односно над 188 μg/m3 на мерните станици во Карпош, Центар и Ректорат.

 

-Општина Аеродром е посветена на борбата против загадувањето преку целата година. Локалната самоуправа реализира мерки, меѓу кои набавка на прочистувачи за воздух во сите градинки, субвенции за печки на пелети за индивидуалните домаќинства, набавка на нови 1.800 високоизраснати садници и дополнителна менахизација за чистење на јавните .површини. Во соработка со градската, централната власт, граѓанскиот сектор и сите засегнати страни работиме на креирање ефикасни интервентни мерки, како и наоѓање трајно решение за загадувањето, се додава во соопштението.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.