Се одржа дванаесеттиот пожарникарски крос на кејот во Општина Аеродром

 

 

Околу 500 ученици од петто до деветто одделение од основните училишта од Град Скопје денеска учествуваа на традиционалниот пожарникарски крос-натпревар „Пожарко 2019“ кој се одржа по дванаесетти пат.

 

Натпреварот се одржа на кејот на реката Вардар, во близина на СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

 

Учениците се натпреваруваа во машка конкуренција на конкуренција на 600 метри и женска конкуренција на 500 метри.

 

Кросот се одржува по повод 20 Мај, Денот на пожарникарството, во организација на Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“, a во соработка со Противпожарниот сојуз на Град Скопје.

 

Оваа традиционална спортска манифестација, како што велат од општината, претставува значаен придонес во развојот на свеста кај младата популација за заштита од пожари.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.