Нема простор за згради во Лисиче! Ова е ставот на нашите сограѓани од насеба Лисиче, во врска со коригираниот предлог Детален урбанистички план за градска четврт ЈИ 09, блок 09.01.
 
Општина Аеродром ја изготви третата коригирана верзија на деталниот урбанистички план за градска четврт JИ09 блок 09.01 кој се однесува дел од населбата Лисиче.
 
Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Општина Аеродром, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, добива нов пристапен лифт наменет за учениците со попреченост, со што се финализира уште еден важен циклус на инвестиции со кои ова училиште станува целосно инклузивно, со еднаков пристап за сите ученици, извести општина Аеродром.
 
Непријатна миризба се шири во Аеродром, а доаѓа од депонија која не се наоѓа во оваа населба. Општината бара Град Скопје да интервенира.
 

Утре без струја делови од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре, на ден 24.07.2023 година (понеделник) без електрична енергија ќе останат корисници од делови од скопската општина Аеродром.
 
Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола.
 
Непознавање на законите, ниското ниво на политичка култура и политичкото ривалство кое за жал кај градоначалничката Арсовска веќе е сведено на ниво на политичка омраза, оди до таму што, по нејзин налог извршителите во градот Скопје добија насока да изречат монтирана и целосно неточна прекршочна санкција за Општина Аеродром, реагираат од Општината.
 
Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, известува Град Скопје.
 
Како резултат на зачестените барања на граѓаните од минатите години, пред неколку месеци во Аеродром почна примената на новиот концепт за одржување на хигиената на јавните површини во општината. Преку успешно воспоставен модел и во постојана комуникација со жителите на Аеродром, започнавме систематски да ги решаваме локалните проблеми поврзани со одржување на зеленилото и чистење на депониите и отпадот во целата општина, велат од Аеродром.
 
Препознавајќи ја важноста на новите инфраструктурни проекти и реконструкцијата и одржувањето на постојните како важен дел од унапредување на живеењето и решавањето на клучните проблеми на граѓаните, во Аеродром продолжува реализацијата на инфраструктурните инвестиции, кои се финансирани со средства од буџетот на Општина Аеродром, вели градоначалникот на Аеродром во објава на социјалните мрежи.
 
Летните денови Општина Аеродром ги користи за инвестициите во инфраструктурата, кои продолжуваат и овој месец. Од таму информираат дека реконструкцијата на улицата Мите Богоевски опфаќа поставување нов асфалт и целосна обнова на тротоарите во должина од 1.245 метри, како и поставување хоризонтална и вертикална сигнализација.
 
Oд понеделник, 3ти јули, заловувачкиот тим на ЈП Лајка, почнува со стратешко заловување во општина Аеродром.
 
Општина Аеродром и оваа година го продолжува проектот „Бесплатен таблет за сите“. Со сопствени средства обезбедени од буџетот на општината, секој ученик кој посетува настава во четврто одделение ќе добие бесплатен таблет-уред за полесно совладување на наставата.
 
Три лица се искасани од кучиња, се пријавени во полиција. Два од нив се во Аеродром.
 
Во Општина Аеродром веќе тече постапката за ревидирање на првата и изработка на втора ревидирана верзија на Деталниот урбанистички план за дел од населбата Лисиче. Комисијата за урбанизам во општината ги разгледа и прифати најголем дел од забелешките кои граѓаните ги доставија во рамки на јавната анкета, информираат од општината.
 
Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, на прес конференција ги објави деталите за проектот „Смарт Аеродром“, кој како што најави, ќе биде визионерски потфат што ќе ја искористи моќта на технологијата за да создаде поповрзана, одржлива и помодерна општина. Тој најави дека веднаш откако Советот на Општина Аеродром ќе донесе одлука, преку јавен повик за избор на партнер, ќе биде воспоставено јавно-приватно партнерство со кое ќе се реализира овој проект. На јавниот повик ќе може да аплицираат сите заинтересирани компании кои ги исполнуваат дадените услови.
 
Иницијативата „Да го зачуваме Лисиче“ најави протест против бетонизација на населбата.
 

Аеродром доби две нови спортски игралишта

Минатата недела во основното училиште „Љубен Лапе“ официјално беа пуштени во употреба две нови, модерни спортски игралишта, наменети за дечињата од ова основно училиште. Со ова Општина Аеродром доби нови спортски терени кои веќе се почетна точка за многу спортски таленти кои се градат во Аеродром, велат од Општината.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.