Мал интерес за вработување лица со посебни потреби

Вработување лица со посебни потреби

Полио Плус и Стопанската комора апелираат до приватните компании да покажат поголем интерес за вработување лица со посебни потреби, затоа што според досегашните резултати интересот за вработување лица со посебни потреби е многу мал.

 

И покрај финансиската поддршка од државата, компаниите не покажуваат посебен интерес за вработување лица со посебни потреби, велат од Стопанската комора и Полио Плус. Како што соопштуваат, се уште најмногу лица со посебни потреби, преку 2.000, се ангажирани преку заштитните организации, а бројката во јавниот и приватниот сектор е значително помала.

 

Од полио плус истакнуваат дека лицата со хендикеп се уште најмногу се вработуваат во мануфактурните дејности и се на некој начин дискриминирани во однос на образованието. Тие сакаат да го зголемат нивниот број во приватниот сектор, но фокусирани се и на јавните институции. Тие ја потенцираат и потребата од нивно квалитетно образование како клучна за достоинствено вработување.

 

Од Стопанската комора истакнуваат дека во соработка со Полио Плус, отворен е Центар за вработување лица со хендикеп. Целта е нивна подготовка со потребни знаења, вештини, образование и квалификации за целосна интеграција на пазарот на трудот, но и поддршка на компаниите за вклучување на лицата со хендикеп во нивните работни процеси и зголемување на свеста дека лицата со хендикеп еднакво придонесуваат во работните процеси како останатите вработени.

 

Центарот има пет програми од кои особено важна е онаа за волонтирање на лицата со хендикеп во која, апелираат, приватниот сектор повеќе да се вклучи, како и бизнис програмата која предвидува поддршка за компаниите од аспект на нивна обука, советувања, како да ги подобрат условите и да ги направат посоодветни за лицата со хендикеп.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.