Поповолна состојбата во преработувачката индустрија

Преработувачка индустрија

Поповолна оценка за состојбата на фирмите во преработувачката индустрија во јули споредено со јуни годинава и во однос на јули лани изнеле раководителите на фирмите. Се очекува бројот на вработените да расте, објави денеска Државниот завод за статистика.


Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, според оценката на раководителите, во јули во однос на јуни годинава е повисок за 0,4 проценти, а споредено со јули лани за два процента.


Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули во однос на јуни годинава е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поволни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени споредено со јуни годинава. 


Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти минатиот месец изнесува 65,3 проценти од нормалното искористување. 


Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на прозводството имаат: недоволната странска побарувачка со 20 проценти, недостигот на квалификувана работна сила со 19,2 процента, недоволната домашна побарувачка со 17,9 проценти и неизвесното економско опкружување со 12,4 проценти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.