Во јуни зголемени цените на индустриските производи на годишно ниво

Индустриско производство

Во јуни годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, останале непроменети на месечно ниво, а се повисоки за 3,2 процента на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистика.  


На странските пазари продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни годинава се пониски за 1,1 процент на месечно ниво, а се повисоки за 6,4 проценти на  годишно ниво.


Во јуни во споредба со мај годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот „рударство и вадење камен“ за два процента, а се повисоки во секторот „преработувачка индустрија“ за 0,2 процента и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,4 проценти. 


Според статистичките податоци, во јуни годинава во однос на јуни лани продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот „рударство и вадење камен“ за 14,8 проценти, во „преработувачка индустрија“ за 2,3 проценти, а за 1,1 процент во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.