Дуално образование за поголема вработеност на младите

Дуален систем на образование

Двапати поголема невработеност кај младите е забележано во Македонија, во споредба со земјите од западен Балкан. Менаџерите на големите компании проблемот го лоцираат во неадекватното образование, односно недоволната практична работа.


Германските инвеститори во Македонија веќе ги прошируваат капацитетите, но немаат доволно стручен кадар. Решението го гледаат во дуалниот систем на образование, беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија.


Како што истакна Тобиас Боле од Стопанската комора на Германија во РМ, компаниите имаат недостиг од технички лица за производство и одржување, особено во автомобилската индустрија.


Ова не се обични работни места, туку места кои бараат поголеми инженерски вештини и секако, носат повисока плата, нагласи Боле.


Според него, германските инвеститори во земјава досега отворија 15 илјади вработувања, но оваа бројка допрва ќе се зголемува, а за тоа нужно ќе биде, покрај теоријата, да се изучува и праксата директно во производство.

 

Борис Тримчев од Стопанската комора на Македонија посочи дека токму поради се уште невоспоставениот систем на дуално образование кај нас, невработеноста на младите е двапати поголема од просекот во ЕУ.

 

Во контекст на дуалното образование, Боле го препорача т.н. златен триаголник кој подразбира, како што напомена, соработка меѓу приватниот сектор, државните институции (Министерството за образование и наука, средните училишта, факултетите) и бизнис заедницата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.