10 години Илирика - највисоко ниво на инвестициски услуги на македонскиот пазар

10 години Илирика

25 години Илирика, која започнала со деловна активност во Словенија, е една од ретките целосно приватни финансиски куќи со значаен удел на пазарот и висока доверба на клиентите, а веќе 10 години го гради својот успех и на македонскиот пазар.

 

Врвната брокерска куќа во Македонија, Илирика, го прослави својот 10-годишен јубилеј. Илирика во овие 10 годинни откако постои во Македонија успева да го одржи највисокото ниво на инвестициски услуги на македонскиот пазар и како високо-стручна финансиска институција да обезбеди лична, ефикасна и комплетна услуга која ги исполнува барањата на сите клиенти. Со нивната стручност, знаење и богато искуство им нудат на инвеститорите чесно, сигурно и промислено управување со имот, а клиентите имаат одлични резултати и позиции на пазарот. Илирика во своето 10 годишно работење на македонскиот пазар имаше и турбулентен период за време на светската криза, но успеаа да го преживеат овој период и да изградат цврсти врски со клиентите, а за успешното работење говори и добиеното меѓународно признание за најдобро управуван фонд во 2016 година. Коста Костадиновски, главен директор во инвестицискиот фонд Илирика за клучот на успехот на Илирика вели дека е вложено многу труд во анализа на компании, работа со клиенти и давање на коректни стратегии за клиентите, а најголем успех е довербата на клиентите.


Индивидуален пристап со клиентите, согласно нивните барања, очекувања и потреби, е она што го преферираат во Илирика, а во делот на палетата на услуги, го имаат најширокиот спектар на услуги на пазарот, од брокерски услуги, управување со портфолио, управување со фондови па се до инвестициско советување. За граѓаните кои се заинтересирани да се вклучат во успешната приказна на Илирика, Костадиновски ги советува дека вистинско и правилно време е преку континуирано вложување на помали износи.


За годините кои следуваат главниот директор на инвестицискиот фонд Илирика вели дека очекуваат поизразено продолжување на позитивните трендови кај инвестициските фондови во смисла на довербата од страна на клиентите изразена преку зголемувањето на имотите под управување, како и понатамошни либерализации на пазарот во смисла на можностите за вложување на странските пазари за индивидуалните клиенти, како и нови услуги за клинтите, како што е проектот на кој се работи, а треба да се реализира следната недела. Станува збор за проект за поврзување на инвестициските фондови со животно осигурување.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.