Средба за нацрт-програма за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021

Реформа на управувањето со јавните финансии

Рационализација на финасиското работење на јавните институции, како и јакнење на надзорот и транспарентноста во однос на трошењето на парите на граѓаните има за цел денешната консултација со НВО секторот за управување со јавните финансии 2018-2021.


Механизмот за граѓански организации ИПА2 денеска организираше консултативна средба со претставници на граѓанското општество и други засегнати страни за нацрт-програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021, изработена од рабоитна група составена од Министетрството за финансии.


За таа цел пред претставници на граѓанското општество беше претставена стратегијата за управување со јавните финансии на ИПА 2 механизмот за граѓански организаци со цел да се зголеми искористеноста на средствата.


Претседателот на Центарот за економски анализи Марјан Николов истакна дека треба да се направи дебата со вработени во министерството за финансии за имплементација на една ваква програма.


Алексанадр Колекески, проектен координатор на ИПА 2 механизмот на граѓанските организации изјави дека се прават консултации со цел да се подобри намената на искористеноста на европските средства и според него донесувањето на програмата е од енормно значење за рационализирање на финансиското работење на јавните институции, како и зајакнување на надзорот и транспарентноста во однос на трошењето на парите на граѓаните.


Целта на оваа консултација е да се резимираат препораки за подобрување на програмата која е резултат на взаемен труд и соработка на повеќе национални институции и не само да ги идентификува клучните предизвици во областа на управување со јавни финансии, туку и да понуди одржливи решенија за нивно решавање.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.