Можност за македонски компании да учествуваат во изградба на инфраструктурни проекти во Индонезија

Eкономска соработка со Индонезија

Разгледување на можностите за натамошно унапредување на економската соработка меѓу Република Македонија и Индонезија беа тема на денешната средба на делегација на Парламентот на Индонезија предводена од Абдул Малик Харамеин, заменик претседател на Групата за религиозни работи, општествени работи и еманципација на жените се сретна со Бранко Азески претседател на Стопанската комора на Македонија.


Харамеин оценува дека постои можност за учество на македонски компании во изградба на инфраструктурни проекти во Индонезија.


Според Азески, Индонезија е респектабилен светски играч во економијата со пазар од  250 милиони жители и со одлични перформанси во овој момент во услови на светска економска криза, која е дел и од Групата Г-20 најразвиени земји. Со Индонезија и Стопанската комора на Индонезија вели, негуваат добри односи веќе долги години и секоја година имаме по некоја средба и активности, но далечината го прави своето да не може да се направи некоја поголема трговска размена, а последните напори што ги имале наши фирми да учествуваат на нивниот саем Треид Експо Индонезија што се одржува во октомври, ги дава првите резултати.


Како проблеми на кои ќе работат да бидат разрешени ги спомна визите и склучувањето на договори за избегнување на двојно оданочување и за олеснување на протокот на стоки и услуги. 


Делегацијата на Парламентот на Индонезија, која е придружена од и амбасадорката на Индонезија за РМ со седиште во Софија, Сри Астари Расјад, вчера оствари посета на Собранието на РМ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.