Нова апликација на Македонска берза за крајните корисници

e-Trader

Апликацијата eTrader е новата електронска алатка на Македонската берза наменета за крајните корисници со која отсега тие ќе може преку интернет да го следат тргнувањето и својата финансиска состојба.


Со оваа апликација се заменува традиционалниот начин на тргнување со кој клиентите мораа да одат кај брокерските куќи за да ги потпишуваат налозите за тргнување. Со тоа се заштедува време, а на крајните корисници во секое време им се овозможува да даваат електронски налози до брокерите и да го следат тргнувањето.


Директорот на Македонската Берза, Иван Штеријев денеска изјави дека апликацијата има високо ниво на безбедност и е лесна и едноставна за користење.


- Потребно е само еднаш да се отиде кај брокерската куќа или кај банката и да се потпише сетот документи и потоа, за разлика од досега, не мора физички да се оди кај брокерската куќа и да се потпишуваат безброј налози за купување или продавање, рече Штеријев на денешната презентација на новата апликација.  


Засега нема мобилна верзија на апликацијата, но од Македонска берза најавуваат дека тоа ќе го сторат до крајот на следната година.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.