Министерот Саљији во посета на Летонија

Билен Саљији

Министерот за правда Билен Саљији во рамки на дводневна работна посета на Летонија денеска со летонскиот министер за правда Џинтарс Раснач ќе потпишат Меморандум за соработка меѓу министерствата за правда на двете држави.


По потпишувањето на Меморандумот за соработка, Саљији ќе се сретне со директорот за Управата за затвори на Република Летонија и ќе го посети Центарот за зависности при затворот Олаине.


Министерот Саљији утре ќе се сретне со раководителот на државната служба за пробација на Република Летонија, Михаилс Папсујевич, како и со директорот на Судската управа, Едвинс Балшевич.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.