Извозот на стоки и на услуги номинално зголемен за 9.8%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5.0%

Извоз на стоки и услуги

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2017 година е 0.2%.


Во третото тримесечје од 2017 година, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9.8%; А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 3.8% и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 0.9%.


Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално расте за 5.0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65.5%.


Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9.8%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 5.0%.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.