Обука „Организациски иновации за мали и средни претпријатија“

Обука за мали и средни претпријатија

Организациски иновации за мали и средни претпријатија е тема на дводневната обука што денеска ќе почне во Струмица во организација на  Центарот за развој и промоција Пропмо идеа ИДЕА - Струмица.


Обуката е дел од активностите во рамки на проектот „Подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија во прекуграничниот регион преку поттикнување и промоција на нетехнолошки иновации (INNOFOSTER)“, финансиран преку Interreg – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија.


Обуката е дел од серија настани што се спроведуваат на територијата на Република Македонија и Република Бугарија како дел од Програмата за јакнење на капацитетите што има за цел да ги подобри и зајакне знаењата на малите и средни претпријатија од областа на развивање и примена на не-технолошките иновации.


Главна тема на дискусија ќе бидат организациските иновации за мали и средни претпријатија. Учесниците ќе имаат прилика да се запознаат со значењето на оперативниот менаџмент, фактори и актери кои влијаат на една компанија, ќе бидат презентирани примери за успешно спроведени организациски иновации.


Како дел од обуката ќе бидат претставени и актуелните фондови и програми за финансирање на иновативни идеи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.