Одложена посетата на турската стопанска делегација

Одложена посетата на ТУРСАБ

Делегацијата од Асоцијацијата на туристички агенции и туроператори (ТУРСАБ) од Истанбул не беше во можност да пристигне во Македонија, поради што настанот најавен за денеска нема да се одржи.


Како што информираат од Скопскиот аеродром, откажан е утринскиот лет од Истанбул за Скопје.


Турските бизнисмени требаше да ги разгледаат можностите за соработка со Македонија и да остварат средби со македонски компании. Предвидена беше и работилница за зголемување на потенцијалите за соработка во туризмот меѓу Македонија и Турција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.