Бугарско-македонски бизнис клуб ќе ги јакне економските односи меѓу двете држави

Бугарско-македонски бизнис клуб

Зајакнување и развој на економските односи, унапредување на бизнис релациите меѓу Македонија и Бугарија, како и постојано стимулирање на деловните и општествени иницијативи ќе бидат во фокусот на активностите на Бугарско-македонскиот бизнис клуб (БМБК) кој беше промовиран денеска во Скопје.


На промоцијата на која присуствуваше и бугарска делегација предводена од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во чиј состав беа повеќе стопанственици, претседателот на клубот Никола Поп-Илиев истакна дека формирањето на ваков клуб следи по констататцијата дека во делот на економската соработка меѓу двете земји има големи празнини кои треба да се пополнат.


Тој посочи дека клубот ќе ја олеснува комуникацијата меѓу деловните субјекти од двете држави, и ќе придонесува со директна асистенција кон бизнисмените, а не со теоретски претпоставки како што се случуваше многу пати досега, кои не давале резултат. Во тој контекст, најави формирање кластери-секции соодветно на стопанските дејности.

 

Според потпретседател Владимир Владимиров од Бугарија, многу луѓе во Македонија и во Бугарија се зачудени кога ќе им бидат презентирани бројките од статистиката дека Македонија е поголем бизнис партнер и поголем пазар за бугарските компании од Русија и САД.


Веруваме дека бизнисмените и компаниите од двете страни на границата ќе ја искористат можноста што ја нуди клубот како олеснувач за поддршка на нивната дејност, рече Владимиров. 


Бугарско-македонскиот бизнис клуб е основан како непрофитна организација. Седиштето на клубот е во Скопје, а ќе има своја канцеларија и во Софија. На промоцијата беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на северозападна Македонија и Стопсаната комора на Софија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.