Во 2017 година стапката на невработеност 22,4 проценти

Пад на невработеноста

Минатата година во земјава бројот на невработени лица изнесувал 213.564 што претставува 22,4 проценти од активното население во Републиката, објави Државниот завод за статистика.


Според објавените податоци во однос на претходната година стапката на невработеност бележи намалување за 1,3 отсто. Во 2016 година стапката на невработеност изнесувала 23,7 проценти. Бројот на невработени лица изнесувал 225.049 лица.


Во 2017 година, според ДЗС, активното население броело  954.212 лица, од кои вработени се 740.648 или стапката на вработеност изнесувала 56,8 проценти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.