Дизелот поевтинува, цената на бензините непроменета

Дизелот поевтинува

Малопродажните цени на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 денари на литар, а цените на бензините Еуросупер БС-95, 65, 50 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, 67,50 соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.


Цената на Еуродизеот ќе биде намалена за половина денар, и од вечерва наместо за 58 денари, ќе се продава за 57,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство наместо за 46, 50, ќе се продава за 46 денари. 


Според Комисијата, се намалува и малопродажната цена на мазутот, за 0,473 денари за килограм и изнесува 27,636 денари.


Новите цени ќе се применуваат од вечерва по полноќ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.