Повисоки цените на производителите на индустриски производи

Повисоки цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи,вкупно во јануари годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 2,8 отсто на годишно ниво.


Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 4,0 отсто и преработувачка индустрија за 0,1, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,8 отсто.


Во споредба со јануари 2017 година, пак, се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 20,2 отсто, преработувачка индустрија за 1,6, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,8 отсто.


Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во јануари годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 3,4 отсто на годишно ниво.


Во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 3,5 отсто и во преработувачка индустрија за 0,1 отсто. Во однос на јануари 2017 година, се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 32,2 отсто и во преработувачка индустрија за 0,8 отсто.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.