ЕЛЕМ ќе продава вишоци електрична енергија

ЕЛЕМ

АД ЕЛЕМ објавува продажба на вишоци на електрична енергија за јуни годинава во вкупни количини од 24.480 мегават часови, од кои 14.400 се „базна”, а 10.080 „врвна” електрична енергија.


Продажбата, како што информираат од компанијата, ќе се одржи во вторник на 22 мај во просториите на Дирекцијата на АД ЕЛЕМ – Скопје, по пат на аукциско наддавање од страна на лиценцираните трговци и снабдувачи со електрична енергија, со кои ЕЛЕМ има склучено рамковни договори.


- Во понатамошниот период ќе следуваат нови објави за продажба на вишоци електрична енергија за јули, благодарение на добрата оперативна производствена кондиција во која се наоѓаат термоелектраните и хидроелектраните на АД ЕЛЕМ, како и поради добрата оптимизација на производството која е направена во изминатиот период и која овозможува дополнително производство на електрична енергија, велат од ЕЛЕМ.


Последната продажба во АД ЕЛЕМ се одржа на 3 мај годинава кога на беа продадени вишоци електрична енергија за 3.874.598 евра. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.