All for Joomla All for Webmasters

Зголемен бројот на туристи во Македонија

Зголемен бројот на туристи

Во Македонија во април годинава се евидентирани 82 635 туристи, кои оствариле 164 183 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.


Бројот на туристите во април 2018 во однос на април лани, е зголемен за 21.4 отсто, а на ноќевањата за 17.2 проценти.


Бројот на домашните туристи е зголемен за 12.3, а на странските туристи за 25.5 отсто.


Бројот на ноќевањата на домашните туристи е зголемен за 6.1, а на странските туристи за 24.5 проценти.


Во периодот јануари – април 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 18.7 проценти, и тоа: кај домашните туристи за 10.8, а кај странските за 23 отсто.


Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 17.5 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 10.3, а кај странските за 22.5 проценти.

   

Забрането е превземање или копирање на авторски содржини (текстови,фотографии,видеа) без претходна писмена согласнот од МТМ ТВ. Доколку сметате дека вашето авторско право е повредено, ве молиме контактирајте не на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

© 2017 MTM ТВ Дооел - Скопје. Изработка и хостинг: Делта Софт ЛТД - Гевгелија. Сите права се заштитени.